Sunday, April 24, 2016

ФЕСТИВАЛИ ВО ПРИЛЕП

                                             
ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ
Прилеп џез викенд е фестивал за урбана култура, кој го презентира музичкото џез творештво пред македонската публика. Фестивалот се одржува последниот викенд во есец август, а оваа година ќе го има своето петто издание. Изминатите четири години домаќин е на најдобрите имиња од македонската и европската џез сцена и пртеставува значајна музичка манифестација во Република Маккедонија и во регионот.Во изминатите четири години на летната сцена на Центарот за култура Марко Цепенков продефилираа интернационални артисти како: Лука Аквино, Сет Стет, Кабадајас, Фиш ин оил, Рамбо Амадеус, Дисциплина Кичме, Ѓорги Шаревски, Теодосиј Спасов, Ејот, Кул Де Сак и многу други џез уметници.


ПРОЧКА
Маскирањето за Прочка во Прилеп постои многу одамна. Овај обичај го одразува етно-културниот идентитет на Македонија и претставува уникатна појава пошироко на Балканот и во Европа. Многувековното празнување за Прочка од 2001 прерасна во организирана културна манифестација Прилепски Карневал со меѓународен карактер, а во 2006 истиот стана член на Европската Асоцијација на карневалски градови FЕCC.  Секоја година Прилеп е домаќин на над 300 гости од повеќе држави во Европа. Низ центарот градот дефилираат над 1000 маскирани лица во групни и поединечни маски, а за најубавите следуваат и награди. Покрај дефилето на маски, настанот е збогатен со концерти, изложби, клубски забави, настапи на културно=уметнички друштва, како и нипрезентации на традиционалната македонска трпеза. Градот Прилеп беше домаќин на 32 конвенција на FECC во 2012 година.

ПИВОФЕСТ
Фестивалот на пиво е голем настан кој градот Прилеп го промовира како туристичка дестинација за сите добронамерници, место каде се случува најголемата журка во овој период во земјата. Фестивалот на пиво значи добра забава, ладно пиво и скара, дружење, концерти на популарни музички ѕвезди на овие простори, огромна посетеност на фестивалот, гости од сите краишта на Македонија, странски туристи, пивари, кои покрај со пивото се претставуваат и со својата култура. Тоа е богатство од различности. Секоја година градот Прилеп е домаќин на повеќе од 200.000 посетители за четирите фестивалски денови.



2 comments: