Тврдините Маркови Кули се симбол на градот Прилеп. Градени се за време на моќните македонски кралеви, а нивниот доминантен одбранбен систем ги прави единствени на Балканот. Името го добиле по последниот крал најпознатиот и во народното епско творештво опеаниот Крал Марко, заштитникот на обесправените и угнетените, кој владеел до 1395 година. Марковите Кули се една од петте најголеми тврдини на Балканот.
Исто така на локалитетот на Марковите Кули се наоѓа и Слонот ( што на некои им личел и на штрк) кој е составен од две природно споени карпи. Слонот е висок 8 метри и од него Прилеп се гледа како на дланка. Постојат и повеќе верувања дека Слонот се користел и во религиозни обреди на предците, а показатели за тоа се окилните гробови и видливите остатоци од фрескоживописот кој е сериозно оштетен. Марковите кули и населбата Варош со 77 цркви, заедно со природните раритети, се недоволно покажани природни дарови и артефакти со предиспозиција за туристичка дестинација.
Sunday, April 24, 2016
ФЕСТИВАЛИ ВО ПРИЛЕП
ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ
Прилеп џез викенд е фестивал за урбана култура, кој го презентира музичкото џез творештво пред македонската публика. Фестивалот се одржува последниот викенд во есец август, а оваа година ќе го има своето петто издание. Изминатите четири години домаќин е на најдобрите имиња од македонската и европската џез сцена и пртеставува значајна музичка манифестација во Република Маккедонија и во регионот.Во изминатите четири години на летната сцена на Центарот за култура Марко Цепенков продефилираа интернационални артисти како: Лука Аквино, Сет Стет, Кабадајас, Фиш ин оил, Рамбо Амадеус, Дисциплина Кичме, Ѓорги Шаревски, Теодосиј Спасов, Ејот, Кул Де Сак и многу други џез уметници.
ПРОЧКА
Маскирањето за Прочка во Прилеп постои многу одамна. Овај обичај го одразува етно-културниот идентитет на Македонија и претставува уникатна појава пошироко на Балканот и во Европа. Многувековното празнување за Прочка од 2001 прерасна во организирана културна манифестација Прилепски Карневал со меѓународен карактер, а во 2006 истиот стана член на Европската Асоцијација на карневалски градови FЕCC. Секоја година Прилеп е домаќин на над 300 гости од повеќе држави во Европа. Низ центарот градот дефилираат над 1000 маскирани лица во групни и поединечни маски, а за најубавите следуваат и награди. Покрај дефилето на маски, настанот е збогатен со концерти, изложби, клубски забави, настапи на културно=уметнички друштва, како и нипрезентации на традиционалната македонска трпеза. Градот Прилеп беше домаќин на 32 конвенција на FECC во 2012 година.
ПИВОФЕСТ
Фестивалот на пиво е голем настан кој градот Прилеп го промовира како туристичка дестинација за сите добронамерници, место каде се случува најголемата журка во овој период во земјата. Фестивалот на пиво значи добра забава, ладно пиво и скара, дружење, концерти на популарни музички ѕвезди на овие простори, огромна посетеност на фестивалот, гости од сите краишта на Македонија, странски туристи, пивари, кои покрај со пивото се претставуваат и со својата култура. Тоа е богатство од различности. Секоја година градот Прилеп е домаќин на повеќе од 200.000 посетители за четирите фестивалски денови.
Tuesday, April 19, 2016
СПОРТ ВО ПРИЛЕП
БОЛДЕРИНГ ВО ПРИЛЕП
Болдерингот како најпопуларна активност кај младите качувачи во светот го избра Прилеп за своја територија поради фактот што тука се наоѓаат најуникатните карпи за овој вид спорт во Европа, како по квалитет, така и по обем. Во 2014 година се одржа Petzl Rock Trip, на кој учествуваше светската елита.
Крали Марко болдер маратонот се организира на почетокот на месец април во организација на спортско-качувачкиот клуб Златоврв од Прилеп, Македонската спортско-качувачка федерација и Општина Прилеп. Гостите учесници се сместени во камп специјално организиран за овој настан во подножјето на болдерите на 1,5 километар од градот во правец на вештачкото езеро.
Лесно достапните сектори расфрлани по зелените ливади под Камена Баба и во подножјето на манастирот Трескавец, огреани од македонското сонце никого не го оставаат рамнодушен.
ПАРАГЛАЈДИНГ ВО ПРИЛЕП
Прилеп ги има најдобрите услови за параглајдинг летови во светот со неколку официјални еста за полетување. Тандем летот од полетилиштето кај манастирот Трескавец над карпестиот прилепски регион претставува посебно уживање и со сигурност ќе ви го одземе здивот. Тоа е оддалечено само неколку километри од центарот градот и е едно од најпосетуваните полетувалишта во регионот. Постојат неколку параглајдинг клубови во градот каде што можи да се набави целосна опрема и професионален водич. Не ја пропуштајте шансата да летате над Прилеп, затоа што овој регион е прекрасна разгледница од Македонија која вреди да се доживее.
МАРАТОН ВО ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ
По стапките на Крали Марко е дводневен настан кој го слави и промовира планинското трчање, особено трчањето на поголеми дистанци. Одржувањето на овие натпревари е повод за многу спортисти и љубители на активниот туризам да го посетат градот и околината, кој изобилува со терени идеални за развој на плнинското трчање и другите спортови во природа. Покрај Ултра патеката со должина од 90 километри, предвидени се и следните патеки:
Прилепско езеро: должина 31 км., со вкупна висинска разлика од 1250м.Трескавец: 16 км. со ввисинска разлика од 800м.
Маркови Кули: Детска трка с3,5 км. со висинска разлика од 100
.

Subscribe to:
Posts (Atom)