Тврдините Маркови Кули се симбол на градот Прилеп. Градени се за време на моќните македонски кралеви, а нивниот доминантен одбранбен систем ги прави единствени на Балканот. Името го добиле по последниот крал најпознатиот и во народното епско творештво опеаниот Крал Марко, заштитникот на обесправените и угнетените, кој владеел до 1395 година. Марковите Кули се една од петте најголеми тврдини на Балканот.
Исто така на локалитетот на Марковите Кули се наоѓа и Слонот ( што на некои им личел и на штрк) кој е составен од две природно споени карпи. Слонот е висок 8 метри и од него Прилеп се гледа како на дланка. Постојат и повеќе верувања дека Слонот се користел и во религиозни обреди на предците, а показатели за тоа се окилните гробови и видливите остатоци од фрескоживописот кој е сериозно оштетен. Марковите кули и населбата Варош со 77 цркви, заедно со природните раритети, се недоволно покажани природни дарови и артефакти со предиспозиција за туристичка дестинација.
odlicno
ReplyDeleteThis comment has been removed by the author.
ReplyDelete