Tuesday, April 19, 2016

СПОРТ ВО ПРИЛЕП

                                                        БОЛДЕРИНГ ВО ПРИЛЕП
Болдерингот како најпопуларна активност кај младите качувачи во светот го избра Прилеп за своја територија поради фактот што тука се наоѓаат најуникатните карпи за овој вид спорт во Европа, како по квалитет, така и по обем. Во 2014 година се одржа Petzl Rock Trip, на кој учествуваше светската елита.
Крали Марко болдер маратонот се организира на почетокот на месец април во организација на спортско-качувачкиот клуб Златоврв од Прилеп, Македонската спортско-качувачка федерација и Општина Прилеп. Гостите учесници се сместени во камп специјално организиран за овој настан во подножјето на болдерите на 1,5 километар од градот во правец на вештачкото езеро.
Лесно достапните сектори расфрлани по зелените ливади под Камена Баба и во подножјето на манастирот Трескавец, огреани од македонското сонце никого не го оставаат рамнодушен.

                                                                                                   

                                                         ПАРАГЛАЈДИНГ ВО ПРИЛЕП
Прилеп ги има најдобрите услови за параглајдинг летови во светот со неколку официјални еста за полетување. Тандем летот од полетилиштето кај манастирот Трескавец над карпестиот прилепски регион претставува посебно уживање и со сигурност ќе ви го одземе здивот. Тоа е оддалечено само неколку километри од центарот градот и е едно од најпосетуваните полетувалишта во регионот. Постојат неколку параглајдинг клубови во градот каде што можи да се набави целосна опрема и професионален водич. Не ја пропуштајте шансата да летате над Прилеп, затоа што овој регион е прекрасна разгледница од Македонија која вреди да се доживее.


                                                МАРАТОН ВО ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ
По стапките на Крали Марко е дводневен настан кој го слави и промовира планинското трчање, особено трчањето на поголеми дистанци. Одржувањето на овие натпревари е повод за многу спортисти и љубители на активниот туризам да го посетат градот и околината, кој изобилува со терени идеални за развој на плнинското трчање и другите спортови во природа. Покрај Ултра патеката со должина од 90 километри, предвидени се и следните патеки:
Прилепско езеро: должина 31 км., со вкупна висинска разлика од 1250м.Трескавец: 16 км. со ввисинска разлика од 800м.
Маркови Кули: Детска трка с3,5 км. со висинска разлика од 100

 .

5 comments: